ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ

ЗА НАС

ВИРТУС ПРО е млада компанија основана од ентузијасти чија главна цел е позиционирање на клиентот во зенитот на се она што го работиме и обезбедуваме за крајниот корисник, како и нашите партнери и соработници.

Потпирајќи се на догогодишното работно искуство во сферата на маркетингот, како и знаењата и искуството на три генерации посветени на менаџирање на неколку успешни семејни компании за заштита при работа, Виртус Про преку своите специјализирани тимови за клиентите обезбедува:

  • Увоз и продажба на рекламни и деловни подароци
  • Увоз и продажба на опрема за удобно и безбедно работење
  • Производство на облека за заштита при работа

Нашата мисија е да обезбедиме квалитетни производи и супериорна услуга за нашите клиенти.

Независно дали имате потреба од производи достапни во нашите каталози или пак имате идеја за изработка на производ по Ваша мерка и специфична потреба, нашата цел е да ги одезбедиме најдобрите решенија за Вас.

ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ

Во сегментот рекламни материјали на македонскиот пазар ги увезуваме производите од најпрепознатливите европски компании за деловни подароци, како што се:

  • HiIdea – Португалијa
  • Cool Collections – Унгарија
  • Cifra – Шпанија

ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Увозници сме и застапници за WALKEMORE од Португалија – производител на гумени кломпи и гумени чевли специјално наменети за медицински персонал и професии во кои се поминуваат многу часови стоејќи.

Нашата палета на производи вклучува многу артикли од увоз меѓу кои:

  • SARA WORKWARE – Полска
  • ArtMas – Полска
  • Payper - Италија
  • Bennon & Adamant- Чешка

За потребите на нашите клиенти, во соработка со нашите
сестрински компании и партнери, изработуваме облека за заштита при работа, како и облека за медицински и болнички персонал, согласно преференците и потребите на клиентите.